• 10/10/2025

Во организација на Македонската асоцијација за реконструктивна микрохирургија (МАРМ), а во соработка со Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на 10 октомври 2025 година се одржа исклучително значаен едукативен настан со проф. Оскар Ашман, MD, PhD, еден од водечките светски авторитети во областа на реконструктивната и и хирургијата на петиферни нерви.

Предавањето на тема „Nerve Transfers in Reconstructive Surgery“ претставуваше вистинска платформа за размена на современи научни сознанија, клинички искуства и визионерски пристапи во третманот на сложени повреди и клинички сценарија.

Предавањето беше одбележан со високо ниво на стручна дискусија, интерактивност и инспиративна академска атмосфера.

Посебно задоволство претставуваше активното учество на студентите и специјализантите, чии промислени и аргументирани прашања придонесоа за динамична, содржајна и продлабочена дискусија. Ваквиот академски дијалог уште еднаш ја потврди улогата на МАРМ како двигател на континуираната медицинска едукација и професионалниот развој во нашата земја.

Настанот беше силен потсетник дека вистинското менторство значи заеднички раст, инспирација и споделување на знаење меѓу генерациите.
Затоа, највредната и најтрајната инвестиција што можеме да ја направиме останува инвестицијата во образованието и во луѓето кои ќе ја обликуваат иднината на медицината.

Македонската асоцијација за реконструктивна микрохирургија и понатаму ќе продолжи да создава вакви можности за едукација, меѓународна соработка и унапредување на стручната извонредност.